Тимското радио довело до грешка во боксот кај Мерцедес

Тото Волф откри дека проблем со тимското радио довело до помешување на сетот на пневматици кои го чинеа Џорџ Расел неговата заслужена прва победа во Формула 1 на Шакир.

Во неговиот прв настап како замена за Луис Хамилтон, возачот на Вилијамс доминираше во поголемиот дел од трката во Бахреин и го превзеде водството од самиот старт. Расел изгради предност од 3 секунди пред Валтери Ботас во првиот стинт пред влегувањето во бокс, а ја зголеми на 5 секунди по влегувањето на Ботас.

Но, кога излезе безбедносното возило во 59от круг, Мерцедес се обиде со двојно менување на пневматици, но направија неколку грешки при истото. Тие го пуштија Расел, но дознаа дека му ги поставиле пневматиците наменети за Ботас. Како резултат кај Ботас ги вратија веќе користените хард пневматици.

Тоа што се случи е кога ги викнавме механичарите надвор, тие добија повик преку радиото да ги извадат правилните гуми. Од едната страна на гаражата, на Џорџ, не го слушнаа тоа. Имавме радио кое не функцнионираше, а потоа погрешниот возач доби погрешни пневматици – објасни австрискиот шеф на екипата.

Расел мораше да влезе повторно во бокс за да ги добие своите пневматици, но во исто време е под истрага за користење на тие на Ботас.

Знаевме веднаш дека Валтери не е на неговите пневматици и дека тие се на Џорџ. Кај Валтери ги вметнавме старите пневматици и знаевме дека Џорџ ќе мора повторно да влезе.

И покрај проблемите, Расел сеуште беше во позиција да победи, борејќи се од петто место до второто, но потоа дојде до пукнатина што го примора на уште едно влегување во бокс. Расел на крајот трката на која требаше да победи, ја заврши на петто место.

Слабата пукнатина се појави поради тоа што Џорџ возеше надвор од тркачката линија неколку пати со цел да претекне.

Што се однесува до победата? Мислам дека можевме да се доближиме до Серхио и ДРС ќе ни помогнеше, но не сум сигурен дали ќе победевме.

Серхио извозе одлична, брилијантна трка и ја заслужи победата откако ние направивме неколку грешки, а немавме ни среќа со пукнатината.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ