Тод ги откри сличностите помеѓу Шумахер и Верстапен

Поранешниот прв човек на ФИА, Жан Тод, ги откри сличностите помеѓу актуелниот и двократен првак, Макс Верстапен и еден од најуспешните возачи во историјата на спортот, Михаел Шумахер.

Французинот долги години му беше шеф на Шумахер во Скудерија Ферари и заедно владееја со спортот пред да стане Претседател на Федерацијата.

макс е многу брз и прави малку грешки, борец е како михаел, но како човек го знам премалку за да можам да го опишам.

михаел можеби изгледаше како пресметан, дрзок и безобразен додека возеше, но тоа беше само за да ја сокрие својата срамежливост. тој беше скромен, секогаш се сомневаше во себе, никогаш не го обвинуваше тимот дури ни кога кочниците му окажаа на силверстон, ги скрши двеет нозе по наша вина.

не правам споредби, но тој и макс имаат една заедничка работа, возат за најдобрата екипа, а тоа секако дека многу им помага – вели тос.

Холанѓанецот доминираше лани откако Ферари имаше сила да се носи само на почетокот од сезоната, а трката по развој многу рано ја загубија. Екипата од Маранело е надвор од конкуренција за наслов и оваа година по само неколку одработени трки. Жан го пофали нивниот актуелен возач, Шарл Леклер, за неговата брзина и способност.

во формула 1 има добри луѓе, но и една многу мала група луѓе кои се многу добри, во таа група спаѓа леклер.

и по моето заминување, ферари остана една од најсилните екипи. но, нешто им недостасува, добри се, но не доволно за титула. веројатно им треба време за да го направат последниот чекор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ