Тото искрено до фановите на Мерцедес: Воопшто не е лесно

По тешкиот почеток на сезонава, тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, се обрати на фановите на тројфениот тим.

“Сребрените стрели“ во моментов се на 3то место во конструкторскиот поредок, Ред Бул се далеку напред, а тоа што повеќе боли е и фактот што нивните муштерии од Астон Мартин имаат посилен пакет.

Тото се заблагодари на фановите за огромната поддршка и посочи дека потешкотиите само ќе допринесат за возбудлива сезона.

сакам само да ви кажам колку многу сме благодарни за поддршката до сега оваа сезона. не е лесно, но ако беше лесно, немаше да биде толку возбудливо и немаше да биде формула 1, кремот на моторспорт тркањето – се обрати тото со видео порака до фановите.

Тој призна дека во тимот се работи под полна пареа со надеж дека ќе напредуваат.

сите во фабриките се супер преокупирани, се работи без престан минатите неколку недели како подготовка за следната трка. возбудени сме што ве имаме вас кои не поддржувате и се радувате на нашите успеси, ќе бидете со нас на слендиот подиум, следната победа или титула.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ