Тото не го “бендисувал“ Валтери на почетокот

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, откри дека кога прв пат од него било побарано да стане дел од менаџерскиот тим на Валтери Ботас и да ја поддржи неговата кариера, не бил многу заинтересиран.

На почетокот на 2000-те години Тото престанал со тркањето за да се фокусира на своит еделовни активности, почнал на големо да инвестира во моторспортот, вклучително и да поддржува млади возачо. Во текот на зимата во 2007-2008 година Волф имал средба со Тимо Румпфкеил, шеф на Формула Рено екипа, а тема на средбата била да му се помогне на Валтери Ботас.

Првично Волф одбил да помогне поради фактот што немал добро искуство дотогаш со вклучување во менаџирањето на млади возачи.

штом почнав да инвестирам во моторспортот, почнав многу повеќе да го пратам и се обидов на младите возачи да им го овозможам тоа што им недостасува, а тоа беа финансии и водење во кариерата.

еден ден добив повик од пријател кој имаше формула рено екипа во германија, тимо и тој ми кажа дека има исклучително добро момче кое се трка за финансиски слаб тим во финска и цело време победува, а тој ќе го земе кај него за следната сезона. тој ми посочи дек тоа момче нема менаџер.

јас му се заблагодарив поради моето лошо дотогашно искуство со возачи кои беа благодарни кога немаа поддршка и се заборавија штом почнаа добро да заработуваат. јас не сакав таков однос и културно се заблагодарив – се присети австреицот.

Ботас минал во Мотопарк тимот и имал успех уште во својата прва Формула Рено НЕЦ сезона во 2008 година.

неколку месеци подоцна повторно ми се јави румпфкеил и само сакаше да ми каже дека валтери победи на првите две трки од формула рено серијата. јас одговорив дека тоа и го очекував, но потоа тој ми кажа дека победил со 27 секунди предност пред второпалсираниот, а втората трка имал 24 секунди предност.

потоа ми се јави валтери и побара да се сретнеме. јас прифатив и веднаш штом дојде на состанокот ми кажа дека не е заинтересиран да има менаџер, туку сакал само совет затоа што неколку групи на луѓе сакале да го поддржат, а тој сакал да го чуе моето мислење околу тоа.

јас му дадов искрено мислење и на крајот четворица инвеститори и мои пријатели го поддржаа него и тоа вили, мика хакинен и дидие котон.

Тото се присетува дека Ботас оставил навистина силен впечток тој ден.

дојде сам, немаше родител со себе, надвор врнеше многу снег, а тој носеше само џемпер, изгледаше бестрашно, палаво, но во исто време и фински тивок и таинствен, но тврдоглав и решен да успее.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ