Тото не го интересира второто место: Тоа значи прв губитник

Мерцедес имаа силни два тркачки викенди по ред кога завршуваа со двоен подиум, така што се доближија на 30 поени до Скудерија Ферари во конструкторскиот поредок и се отвори борба за 2ро место.

Тимскиот шеф Тото Волф откри дека не го интересира дали неговата еипа ќе заврши на 2ро или на 3то место во поредокот кај конструкторите затоа што го интересираат само победи. “Сребрените стрели“ се далеку од ритамот на Ред бул и Ферари кои победија на сите трки годинава, но лошата издражливост и грешките на италијанците во однос на стратегијата ги донесе Мерцедес блиску до нив.

Годинава актуелните конструкторски прваци имаа само едно откажување од трка, завршија на 2ро и 3то место во Франција и Унгарија и собраа дури 67 поени од последните две трки, додека Ферари освои 31.

второ место е всушност прв губитник. за мене дали сме на второ или трето место кај конструкторите не е важно, важно е да се тркаме на врвот, да го развиваме болидот, да победуваме на трки, да ги победиме ферари и ред бул и да се подготвиме колку што може повеќе за следната година наместо да одиме со цела сила на второ место сезонава – посочи волф.

Тимот се доближи до перформансите на најдобрите две екипи на последните трки, а Џорџ Расел дури освои и пол позиција на Хунгароринг. Сепак, Тото не смета дека формата и пол позицијата значат дека тимот е во комбинација за највисока пласман.

одеднаш не се вративме во игра и во борба за самиот врв и сеуште сме далеку од победи на трки затоа што не сме доволно брзи. мислам дека во будимпешта во сабота одработивме одлично со расел, дојдовме до супер резултат на трка, но сеуште не сме подготвени да се бориме со ферари иред бул. имаме многу да научиме и важно е да не грешиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ