Тото не жали што ја пропушти победата на Расел во Бразил

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, не беше присутен на тркачкиот викенд во Бразил кога неговата екипа стигна до единствениот триумф сезонава, благодарејќи на младиот Џорџ Расел.

Откако го превзема раководењето со Мерцедес во 2014 година, тој пропушти само трки, вкучително и годинешното Бразилско Гранд При како и Големата награда на Јапонија. За време на тие два тркачки викенди во неговата хотелска соба во Абу Даби била поставена комплетна опрема за да тој биде во тек со се што се случувало на трката.

беше интересно искуство кое не се надевав дека ќе го имам. бев во абу даби, имав состаноци таму, седев во мојата хотелска соба преполна со технологија за да можам да слушам и разговарам на сите канали кои вообичаено ги користам во текот на трката.

имав многу монитори поставени, имав пренос, така што беше како да сум во гаражата. на моменти не ни размислував дека сум во хотелска соба, а не на трка – откри австриецот.

Расел и Мерцедес иаа фантастичен тркачки викенд во Бразил, младиот британец победи на спринтот и доминираше на главната трка, додека Хамилтон исто така беше извонреден со 2ро место. Тото посочи дека неговото отсуство дозволило на други членови од тимот, кои патем многу напорно работат, да добијат шанса и да уживаат во успехот.

кога победивме сузи ми рече дека е сигурна оти жалам што не сум таму, но не беше така затоа што секогаш сум во центарот на вниманието заедно со возачите. кога даваме изјви целото внимание е свртено кон нас и секогаш ја добиваме секоја пофалба за работата.

тоа што не бев на трката ме направи горд за луѓето во фабриката и оние на патеката затоа што тие беа во центарот на вниманието. го имавме ендру шовлин, го имавме бредли лорд и џејсм вауелс кои се срце и душа на екипата.

не можеше да бидам повеќе горд во тој момент и не можеше да се чувствувам посреќно со начинот на кои сите момци одработеа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ