Тото охрбрен од најавените промени на ФИА

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, е оптимист за промените кои ФИА ги направи во врска со менаџирањето и раководењето на трките по истрагата околу случувањата на крајот на сезоната и последната трка во Абу Даби.

Мохамед Бин Сулајем откри дека ќе бидат направени доста промени во врска со судењето на трките по контроверзниот крај и дуелот за титуал помеѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон. Мајкл Маси ќе биде заменет од Ниелс Вич и Едуардо Фреитас кои ќе се менуваат, а Херби Блаш, поранешната десна рака на Чарли Вајтинг ќе им помага.

Мерцедес, логично дека беа најнезадоволни од резултатите во Абу Даби поради тоа што Луис загуби титула во последниот круг.

свесни сме дека улогата на директор за трка не е лесна и ќе имаме двајца многу искусни луѓе таму, тоа е одлично. структурата која ги поддржува околу нив е клучна, не само оние физички до нив, туку и оние на далечина кои им даваат информации и податоци за да донесат вистински одлуки и да им ја олеснат работата.

верувам дека последните неколку години бевме сведоци на малку слободоумно интерпретирање на правилата, така што сум среќен и задоволен со промените кои претседателот планира да ги имплементира – задоволен е шефот на мерцедес.

Тој во исто време демантираше дека се испазариел со ФИА да не се жалат на контроверзните лански одлуки пдо услов Маси да биде отстранет од својата функција.

реструктуирањето во врска со носењето на одлуки во спортот, спортските одлуки кои се носат, но и техничките, беше неопходно.

лани имавме фантастична сезона која донесе огромна популарност во спортот, но одлуките кои беа носени не беа секогаш разбирливи.

Волф повтори дека одлуките од Абу Даби биле шокантни и без преседан, но е свесен дека тоа мора да се остави во минатото и да се насочат кон ркордна осма титула за својот возач.

мораме да го заборавиме тоа. мислам дека веќе е во минатото, а со мерките кои мохамед вчера ги најави, тоа ќе остане заборавено.

секако дека никогаш целосно нема да се помириме со донесените одлуки, но мораме да се насочиме кон оваа сезона, кон новиот болид и да одиме на успех. чекорите кои фиа ги превзема се охрабрувачки за нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ