Формула 2 ја претстави новата генерација на болиди

Во пресрет на Италијанското ГП овој викенд, Формула 2 ја претстави новата генерација на својот тркачки болид од 2024 година.

Новата генерација на болиди, која ќе се користи до 2026 година, е дизајнирана да им помогне на оние кои се стремат да дојдат до Формула 1. Ќе им понуди најдобра подготовка со тоа што ќе биде што е можно поблиску до Ф1 болид. Ова е во однос на безбедноста, изгледот, системите, перформансите, одржливоста и пристапноста, сето тоа по разумни трошоци.

Болидот исто така е редизајниран за да промовира повеќе блиски дуели. Тој, исто така, е во согласност со спецификациите на ФИА за 2024 во однос на сопирањето, управувањето и ергономијата, сместувајќи широк спектар на возачи со цел да го направи првенството што е можно подостапно.

Болидот, кој ги содржи најновите безбедносни иновации на ФИА, е придвижуван од 3,4 литарски турбо мотор на Мекахром и вклучува некои нови функции за да се приспособат на синтетичкото одржливо гориво на Aрамко што ќе биде претставено во 2025 година, додека продолжуваат да користат Aрамко со 55% био одржливо гориво, кое беше воведено на почетокот на сезоната 2023 година.

Поранешниот возач на Формула 2, Татјана Калдерон, го возеше болидот во Варано, но планот е развојната програма да продолжи со неколку тестови планирани во текот на следните неколку месеци, додека резервниот возач на Астон Мартин и поранешен Ф2 шампион, Фелипе Другович ќе го тестира болидот.

Откако ќе се заврши доволна километража за да се обезбеди сигурност, тимовите ќе го добијат првиот болид пред крајот на Декември и вториот болид во Јануари 2024 година пред предсезонските тестирања.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ