Тото посочи каде Мерцедес се подобрил

Мерцедес имаат тежок предизвик од почетокот на оваа тркачка сезона, но тимскиот шеф Тото Волф посочи каде екипата напреднала од првата трка која се возеше во Бахреин.

Ред Бул се дефинитивно напред и недостижни за конкуренцијата, но Мерцедес заостана и зад своите муштерии од Астон Мартин, а повремено и зад ФЕрари.

мислам дека лани го поставувавме болидот претерарно ниско, а овогодиншениот го развивавме претерано високо. сите тие одлуки беа донесени и спроведени, а сега веќе знаеме каде погрешивме.

пакетот во моментов е таков што екипата може да посочи и да најде оптимална точка на сетирање за да извлечеме повеќе перформанси .

аеродинамичарите завршија фантастична работа минатите неколку недели во борбата да донесат перформанси кои знаевме дека ги имаме.

коцките се спојуваат и треба само да имаме безгрешен викенд за да можеме да извадиме се што имаме во однос на перформанси затоа што одлично почнавме да го разбираме болидот – објасни тото.

Во моментов “сребрените стрели“ се на 3то место кај конструкторите со 56 освоени поени и заостаток од 9 поени зад муштериите од Астон Мартин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ