Тото предвидува интересен викенд со новиот спринт формат

Новиот спринт формат тукушто беше потврден, а викендот на програмата е Азербејџанското Гранд При кое прв пат во историјата ќе има и куса спринт трка од 100 километри.

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, очекува голем предизвик и интересен тркачки викенд со оглед на големината на промените. Викендот повеќе нема да има втор тренинг во петок, ќе има квалификации наместо тоа, а во сабота ќе има покуси спринт квалификации и куса спринт трка, така што денот ќе биде целосно посвеен на тоа.

по еден месец без формула 1, сите се нетрпеливи да се вратат на патеката. за среќа имаме многу трки кои следуваат поточно пет гранд при трки на следните шест викендти, почнувајќи од азербејџан.

трката во баку секогаш е драматична и забавна, патеката е огромен предизвик со оглед на брзините и близината на оградата така што нема никаков простор за грешка. го имаме и првиот спринт викенд со новиот формат и ќе биде интересно да се види како екипите ќе пристапат на новиот предизвик по само еден тренинг да бидат подготвени за две квалификациски сесии и две трки.

се надевам дека новиот формт ќе значи многу повеќе забава за нас и секако уживање за фановите – посака тото волф.

Во моментов “сребрените стрели“ се на 3то место во конструткторскиот поредок по лош почеток на сезоната, а Тото откри дека се позитивни и оптимисти по напредокот кој го воочиле во Австралија.

имавме неколку недели пауза без тркање и се фрливме на многу напорна работа во фабриката. се обидувме да извадиме максимум, да носиме планирани делови за развој на болидот и да извадиме колку што можеме повеќе од се што сме научиле.

австралија покажа дека напредуваме иако мораме да бидеме повеќе внимателни да не се ослонуваме премногу на само еден резултат. знаците од мелбурн се охрабрувачки и добра мотивација за сите во тимот дека можеме да го намалиме заостатокот.

Планирани се повеќе подобрувања на В14 болидот на тимот за трките кои следат, така што Тото призна дека не може одеднаш да се подобри целата ситуација.

во текот на слдните трки сакаме да правиме ситни чекори напред. болидот ќе продолжи да еволуира на трките кои следат, полека ќе ги засилуваме перформансите и ќе носиме новини. возбудени сме кога новиниет ќе дадат резултат, но немме магично стапче за решавање на проблемите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ