Тото: Протестот на Рено е само поради поени

Откако заврши сослушувањето за протестот на Рено околу спорните делови на РП20 болидот на Рејсинг Поинт, Тото Волф смета дека французтите се бунат поради изгубени поени, а не поради принцип.

На Штаерското Гранд При французите за прв пат вложија жалба, следуваше втор протест во Унгарија и трет протест на последната трка во Силверстон. Рено протестираа на каналите за ладење на сопирачките, многу важен дел од аеродинамиката на болидот.

Минатата година екипите можеа да купуваат готови делови од сопирачкиот систем од некој конкурент, но согласно ревидираната листа за оваа година, истиот мора да се изработи од нив.

Рејсинг Поинт тврдат дека сопирачките се нивно произвоство и велат дека имаат докази, цртежи и инфомации да го поткрепат тоа. Мерцедес, како страна од која е превземен дизајнот, исто така беа вклучени во сослуѓувањето вчера.

Некои медиуми пренесоа дека стјуардите на ФИА ќе донесат одлука до Петок, но поголем дел се оние кои не веруваат дека ќе има одлука пред претсојната трка викендов.

кој и да загуби во овој спор секако дека ќе се жали, тогаш целата работа ќе оди на суд и ќе биде доверлива – изјави волф за австриски Osterreich.

Рено велат дека нивната жалба е принципиелна и се базира на принципот на муштериски болиди и колку еден тим може да продаде на друг. Но, Волф смета дека принципите не се проблем, туку тоа што Рејсинг Поинт има освоено 42 поени, 10 повеќе од Рено.

можам да разберам кога некој протестира за да му се појасни нешто, а рено велат дека се работи за принцип, но вистината е дека протестираат затоа што рејсинг поинт имаа толку многу поени.

Самиот Волф нема некој проблем со таканаречените муштериски екипи затоа што смета дека тоа е начин и помалите екипи да бдиат конкурентни. Иако Рејсинг Поинт сеуште нема подиум годинава, тој смета дека е само прашање на време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ