Тото свесен дека првиот ред не им следува на Мерцедес

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, смета дека на неговиот тим не му припаѓа природно челото на поредокот и дека не секогаш ќе се тркаат на врвот.

Од почетокот на минатата сезона, “сребрените срели“ се мачат да најдат перформанси и заостануваат, минаа голем дел од 2022 година борејќи се со потскокнувањето, а непроменувањето на концептот им донесе проблеми и сезонава. По првите три трки, тимот повторно заостанува, подиумот во Мелбурн беше охрабрувачки, иако веројатно дека карактеристиките на Алберт Парк им одговарале.

до сега бееш многу тешко, но со начино на кој ќе го развиваме болидот се надеваме дека ќе ги решиме проблемите доста брзо. сфативме дека не сме онаму каде што очекувавме и дека привот ред не ни припаѓа на нас.

ова е најтешкото натпреварување во светот и немаше да биде толку голем предизвик ако беше лесно. по три трки сезонава има друга екипа која е репер за останатите иако во австралија видовме добри перформанси од нашиот болид поради што сме охрабрени за остатокот од годината – вели шефот на екипата.

Поради трите последователни победи на Ред Бул сезонава, Волф е свесен дека им треба силен развој доколку сакаат да се тркаат со “биковите“. Следува градскиот Баку, тркачкиот циркус потоа се сели во Мајами за потоа да дојде на Имола каде тимот ќе донесе новини.

баку е многу различна патека со многу долги правци, силни максимални брзини, но и доста тесен дел. мајами е посебен предизвик со своите карактеристики, таму ќе имаме многу маркетинг активности како обврска кон партнерите. имола е местото каде ќе почнат првите три последователни трки во сезонава.

константно ќе носиме новини на следните трки што ни е согласно планот, но знаеме дека нема нешто такво како магично стапче кое ќе го трансформира болидот и поради тоа треба да останеме реални со очекувањата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ