Тото смета дека Мерцедес нема да падне во криза

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, се надева дека судбината на Мерцедес нема да биде таква што по седумгодишна доминација екипата влезе во надолна линија и падне во долга криза.

Прв пат во турбо хибридната ера оваа година, Мерцедес не успеа да освои титула во било која категорија, а историјата покажува дека доминантните екипи штом бидат симнати од врвот, влегуваат во негативна спирала која трае со години. Сепак, Тото смета дека деталната анализа која ја спровеле покажала зошто домниантните екипи паднале во криза и тие нема да го повторат тоа.

Мерцедес ги задржа најдобрите инженери кои беа темел на успесите, така што Волф не е загрижен за она што иднината го носи.

секако дека размислуваме за тоа, анализираме кои биле причините во минатото поради кои доминантните екипи одеднаш губеле перформанси и јасно ни е.

промена на правила, луѓе кои заминуваат, клучна промена на гуми. ние имаме иста организација, исти можности, исто финансирање и верувам дека ќе останеме на вистинскиот пат.

знаеме дека правилата се променија, ние не бевме најдобри во нивно разбирање, но останатите работи сеуште ги држиме под контрола, системот е непроменет и оптимисти сме – посочи волф.

Тото смета дека на останатите доминантни екипи им требало многу време за да се вратат во ритам поради тоа што морале да направат клучни промени во оргнизацијата, но “сребрените стрели“ го немаат тој проблем.

видете го ферари како пример, тие го загубија целосно врвниот менаџмент и клучниот возач, нешто што не може да се замени. ред бул исто така беа во лоша ситуација поради промена и тоа голема на правиалта со моторот кои не им годеа. тоа беа огромни параметри кои се променија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ