Тото со проценка за перформансите на Мерцедес

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, даде своја проценка откако Ред Бул и Ферари доминираа на петочните тренинг сесии на Пол Рикар.

По тешкиот почеток на сезоната, “сребрените стрели“ притискаат силно да се доближат до водечките две екипи и стигнаа до дури 4 подиуми за тој период. Мазниот Пол Рикар сите предвидуваат дека ќе биде од голема предност за конструкторските прваци.

Џорџ Расел беше подобриот Мерцедес со своето 4то место на првиот тренинг, а Ник р Врис, кој го менуваше Луис Хамилтон на првата сесија, беше половина секунда зад британецот. Осврнувајќи се на сесијата, Тото посочи дека се мачат со оптимизирање на пневматиците од Пирели.

не сме онаму каде што сакаме да бидеме. пробуваме многу нови делови, но во моментов немаме доволно брзина. сеутше е рано во текот на викендот, но не вадиме се што можеме да извадиме. ќе направиме споредба попладне и ќе видиме до каде сме – посочи шефот волф.

Во врска со новините кои екипата од Бракли ги донесе викендов, Тото објасни:

имаме некоклу аеродинамички модификации на подот, страничните делови, некои работи кои треба да не направат подобри.

Потоа тој понуди објаснување за изненадувачкиот потег на тимот во однос на тоа што Хамилтон го преседе првиот тренинг, прво такво нешто во 300те негови трки до сега.

бев збунет кога дојде во гаражата, седна крај мене и веднаш помислив зошто не вози, зошто не е во болидот и потоа сфатив.

тој му даваше константно совети на ник, му помагаше со телеметријата и тоа беше интересно да се види.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ