ТЦР Европа: Македонците 7ми и 16ти во воведната трка

Србинот Душан Борковиќ со своето Хјундаи победи на првата трка од ТЦР првенството оваа година. Зад него финишираше унгарецот Наѓ исто така на хјундаи и задоцни само 1,5 секунди, додека дополнителни 5 секунди зад него беше шпанецот Азкона на Воксал.

Игор Стефановски со своето Хјундаи заврши на 7мо место откако ја започна трката од 11та позиција. По крајот на првиот круг напредна 3 позиции и веќе беше 8ми, беше минат од Рихард, но ги искористи борбите кои се водеа пред него.

Виктор Давидовски со својата Хонда заврши на 16то место на својата прва трка на кружни патеки од овој вид. Тој ги искористи откажувањата пред себе и дојде до оваа позиција иако стартуваше од претпоследното 24то место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ