ТЦР, Холандија: Иџе повторно со судар, Виктор 15ти

Првата трка во холандски Зандворт заврши неуспешно за двајцата македонски откако Игор Стефановски имаше судар на стартот, а Виктор Давидовски беше на опашката и заврши како 15ти.

Иџе немаше среќа на стартот, сакајќи да избегне едно Хјундаи И30 заврши во Бриш кој возеше Пежо и го оштети предниот десен дел од болидот, односно тркалото. По втората трка во Франција ова е второ откажување во серија за македонецот.

Давидовски имаше мирна, но неконкурентна трка, се возеше на 17то место и благодарение на откажување на возила пред него, финишираше како 15ти.

Микел Азкона со Сеат победи на трката, пред унгарецот Таши на Хонда, а на 3то место финишираше Ауди возено од ван Лааген кој стартуваше од пол позиција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ