Ферари го поддржува менувањето на Маси

Ферари ја подржува одлуката на ФИА за промена на контрола на трката по контроверзното финале во Абу Даби. 

По долгата истрага околу настаните од последната ланска трка кога директорот на трка Мајкл Маси селективно ги имплементираше правилата и дозволи рестарт на трката за само еден круг, ФИА реши да превземе акција. Тие го отстранија Маси од позицијата и назначија ротациски директор и виртуелна канцеларија за контрола на трката. 

Овие промени беа подржани од Ферари, а Саинз се надева дека Маси ќе продолжи на висока позиција во ФИА иако неговата иднина не е потврдена. 

Лично би сакал да му посакам се најдобро на Мајкл во новата улога. Сигурен сум дека ќе биде одговорна функција бидејќи ние возачите му веруваме во се што направи за Формула 1.

Им посакувам добредојде на новите директори за трка и сигурен сум дека добро ќе ја извршуваат новата функција. Тешко е да се замени Чарли и тој ни недостасува, Но прифаќам дека улогата мора да се извршува коректно.

Сакам да ги видам идеите на ФИА. Се надевам дека ќе го подобрат спортот и ќе направат појасна слика. 

Матиа Биното изјави дека истрагата била долга бидејќи ситуацијата била многу комплицирана. 

Тоа што се случи во Абу Даби премногу пати беше дискутирано. Тоа е комплексна работа, Но мислам дека може да се поправи. лекцијата е научена.

Мислам дека тоа е најважно и потребна е целосна независност на ФИА во одлуките. 

Шарл Леклер смета дека морало да има добра причина за отпуштањето на МАси. 

Имам голема почит за Мајкл и се што направи во минатото. Тешко беше да си во негова позиција, Но крајот секогаш е контроверзен. ФИА сигурно има доста информации за се што се случувало. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ