Ферари и Дукати остануваат без Мишн Виноу

Формула 1 тимот на Ферари и Дукати МотоГП екипата можно е да останат без Мишн Виноу (Mission Winnow) брендирањето од Филип Морис на своите тркачки машини до крајот на оваа сезона.

Двата тима беа брендирани од нивниот главен спонзор Филип Морис чија кампања е дел од не-тутунската иднина на компанијата и преминувањето кон електронски цигари. Ферари доброволно го тргна брендирањето во Австралија поради истрагата дали Филип Морис го прекршиле законот на австралиската држава Викторија. Во Канада и Франција беше побарано отстранување на брендот за Ферари, а истото се случи и со Дукати на Мото ГП трката во Ле Ман.

Спонзорот на Мекларен, БАТ исто така го тргна брендирањето од МЦЛ34 болидите на екипата од Вокинг,.

Од извори во Филип Морис, се размислува за целосно отстранување на брендирањето до крајот на сезоната. Мишн Виноу ќе биде тргнато од Дукати во Холандија и нема да се врати во догледно време кај Ферари.

Покрај брендирањето на болидите, Мишн Виноу беше дел и од официјалното име на славната италијансја Скудерија, но по забраната името се врати во само Скудерија Ферари. Двата тима не ја коментираа одлуката за можно враќање на брендирањето.

Гласноговорникот на Филип Морис, Сајмон Доудинг изјави:

Ова е дел од нормалните работи и не коментираме на шпекулации и гласини. Од стартот на сезоната најавивме дека ќе одлучуваме на секоја трка независно. Така беше случајот со Австралија и Канада, како и во Франција каде Ферари одлучи да се брендира по повод 90 годишнината на тимот. Пред секоја трка ќе ве информираме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ