Ред Бул не признаваат дека Ферари ги части титула

Кристијан Хорнер изјави дека Ред Бул не се на одличен пат до титулата оваа сезона само поради грешките на Ферари. 

Ферари направи грешна стратегија во Унгарија и ја загуби трката додека Макс Верстапен стигна до победа од 10та позиција. Со овој резултат, Верстапен води со 80 поени предност додека Ред Бул се пред Ферари со 100 поени. Хорнер сепак се осврна на својот тим. 

Ние си ги гледаме нашите перформанси. Завршивме одлична работа со промена на стратегијата во последен момент пред стартот – посочи тимскиот шеф.

Истото прашање го доби и Верстапен и тој го пофали тимот за резултатот. 

Мислам дека сите даваат се од себе за да работат напорно и да го постигнат тоа. секако сметам дека е тешко да се коментира бидејќи никој ништо не прави намерно и сепак сакаат да направа најдобар резултат.

Од моја страна го правиме тоа. Имавме некои проблеми претходно, но тешко е да се каже дека некој ни помогнал бидејќи даваме се од себе да сме подобри како тим. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ