Ферари со ултиматум до Ред Бул за Мекиес

Ферари доставиле ултиматум до Ред Бул да ослободат неколку нивни инженери во замена за Лорен Мекиес, актуелниот спортски директор на Ферари кој треба да се приклучи на АлфаТаури во иднина. 

Мекиес е дел од реструктурирањето на АлфаТаури каде Франц Тост си заминува по 18 години во екипата. Условите за премин уште не се договорени, но се зборува дека Ферари веќе сака да превземе неколку инжинери од Ред Бул. Доколку тоа е неуспешно, може Мекиес да не премине во АлфаТаури. 

Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул, веќе еднаш објасни дека нема планови во Ред Бул да загуби технички персонал кој сака да премине во Ферари. 

Французинот Мекиес во Монако изјави дека ќе остане во Ферари се додека е потребно и подолго од очеквуаното. 

Вистината е дека одлуката не е донесена и се додека сум во црвено ќе останам посветен на Ферари. Сеуште има дискусии и ќе видиме што ќе се случи бидејќи сите мора да се задоволни – објасни лорен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ