Ферари ја почнуваат сезоната со тридневен тест на Фиорано

Скудерија Ферари ќе ги почнат своите подготовки за претсојната сезона со тридневен тест на нивната патека во Фиорано.

Италијанците завршија на 2ро место во конструкторскиот поредок лани, а Шарл Леклер на истата позиција кај возачите, веднаш зад Макс Верстапен и Ред бул.

Леклер и Саинз ќе имаат по цел ден тестирање со СФ21 болидот од 2021 година, додека Роберт Шварцман и Антонио Џовинаци, резервистите на екипата, ќе добијат по половина ден возење.

СФ21 пакетот е последен кој е дозволено да се користи согласно регулативта, а секако дека ќе бидат монтирани посебни гуми за тест од страна на Пирели. Настанот ќе му даде можност на новиот шеф, Фред Васур, да се запознат со методите, начинот на работа и персоналот на тимот, како и да увиди дали е потребно да се направат некакви подобрувања.

Ферари не се единствени што ќе возат пред единствениот предсезонски тет затоа што Мекларен и Астон Мартин согласно распоредот треба своите болиди од лани да ги однесат на Херез во Шпанија и да тестираат за Пирели.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ