Ферари тренира менување гуми, 1.000 пит-стопови пред почетокот на сезоната

Со оглед на тоа што сакаат да ги стигнат ривалите Ред Бул во 2023 година, Ферари поставија посебна цел за која што имаат намера интензивно да вежбаат влегувања во бокс пред да започне сезоната во Ф1.

Целта е да вежбаат 1.000 пит-стопови пред да започне сезоната во Ф1 во Бахреин. Ред Бул е познат по тоа што е еден од најбрзите тимови во падокот кога станува збор за менувањето на гуми, но Скудерија сакаат да бидат предизвик во оваа област.

Италијанскиот тим создаде специјален оддел во Маранело за да му овозможи на екипажот да вежба пит-стопови. Во зградата до патеката Фиорано, два тима на механичари изведуваат 20 застанувања три пати неделно. Како такви, Ферари имаат за цел да вежбаат 1.000 пит-стопови пред првата трка од сезоната 2023 година на меѓународната патека во Бахреин на 5 Март.

Иако тимот не сака да ги постигне најбрзите пит-стопови, тие се надеваат дека ќе може постојано да ги менуваат гумите на своите болиди за помалку од три секунди. Тимот го користи Ferrari СФ-71 од 2018 година за своите тренинзи.

Ферари постигна 73 проценти од застанувања под три секунди во 2022 година, но останаа разочарани што не ја постигнаа целта од 80 проценти. Сега, екипата ја подигна целта на 84 проценти во 2023 година.

Друг аспект од планот на Скудерија да се подобри ќе вклучува два тима подготвени да изведуваат пит-стопови, што значи дека резервите се подеднакво подготвени како постојаните членови на екипажот.

Откако постави шампионски предизвик во раните фази на сезоната, моментумот на Ферари падна во 2022 година, додека Ред Бул стана сè подоминантен на патот кон двете титули.

Италијанскиот тим заврши на второто место во шампионатот за конструктори, на околу 205 бода помалку од нивните ривали.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ