Фетел: Враќање во падокот ќе биде чудно

Себастијан Фетел верува дека враќање во Формула 1 падокот ќе биде доста чудно. 

Четирикратниот шампион се прости од Ф1 оваа сезона откако најави дека ќе се пензионира. 

Тој во својата кариера возеше за Торо Росо, Ред Бул, Ферари и Астон Мартин и зборуваше за многу важни теми. 

Оваа недела ја доби наградата Грегор за животно дело од Аутоспорт на која зборуваше за својата кариера и враќање во падокот. 

Сигурен сум дека ќе се навратам во некој момент. Но мислам дека ќе биде чуден момент во кој не сакам да учествувам. Во моментов немам никакви планови. Можеби некогаш. 

Фетел е јасен дека сеуште нема одлучено што ќе прави по Формула 1. 

Имам многу идеи како да го поминам времето. Не кажувам никогаш на ништо. Чекор по чекор ќе дојде вистинската работа. Но ништо не отпишувам. 

Фетел изјави дека оваа награда е доста важна но поважно е што добил двојни стоечки овации кога ја подигнал. 

Примањето на наградата беше неверојатно. Беше чудно бидејќи е за животно дело а има уште многу што да се прави. Тоа многу значи за мене. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ