Фетел има отворена понуда за Ле Ман

Доколку Себастијан Фетел не најде празно место во Формула 1 за следната тркачка сезона, тој може да размислува да се пресели во некоја друга тркачка серија од некој престижен шампионат.

Германецот веќе доби отворена јавна понуда за возење во Скудериа Камерон Гликенхаус за наредната година на трката 24 часа Ле Ман.

Доколку сака Себастијан да дојде и да вози за нас на Ле Ман имаме место за него, Но сепак не може да му платиме како Ферари.

Тој е искусен возач и тоа ми се допаѓа. Порано имавме возачи како Марио Андрети, Марк Донахју, Греам Хил и Фернандо Алонсо кои возеле во Формула 1, Инди 500 и во други шампионати.

Доколку сака му подаваме рака, би бил среќен да вози за мене – откри шефот на ендјуранс тимот.

И покрај тоа што поранешниот претседател на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло е близок пријател на Гликенхаус, тој е изненаден од начинот на кој е третиран Фетел во Ферари.

Ферари продолжува со традицијата да се однесува лошо со возачите и тоа не е добро за нив. Не им ја знам внатрешната работа на Ферари, Но како надворешен надгледувач тие имаат долга историја на ова уште од времето на Енцо.

Италијанецот сепак не е фан на Формула 1 во целина, иако долго време беше дел од Скудерија

Формула 1 не ме интересира навистина. Стартот и финишот се добри, но во средина на трката е само губење време.

исто така, Не ми се допаѓа кога ќе видам како се одржува трка во диктаторска земја.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ