Фетел и Хулкенберг не биле опции за Ред Бул

Од Ред Бул отрија дека Себастијан Фетел и Нико Хулкенберг не биле во комбинација да возат за нив догодина.

Од Милтон Кинс најавија дека ќе почекаат да заврши сезоната пред да донесат одлука а своето второ возачко место крај Макс Верстапен и само пет денови по последната трка одлучија наместо Александер Албон за нив догодина да вози Серхио Перез.

не размислувавме и не проценувавме никој друг возач освен Серхио Перез. имавме куса дискусија со нико хулкенберг, но тоа беа само куси разговори – откри кристијан хорнер, шефот на тимот.

Тој дообјасни дека имале многу среќа што врвен возач како Чеко станал слободен токму во период во кој тимот имал потреба од добар кандидат за 2021 година.

неверојатно е, околностите беа навистина луди. нико хулкенберг е уште еден многу способен возач кој навистина треба да биде дел од формула 1. но, наша среќа беше тоа што чеко остана без место и имавме многу време да го процениме него, да ја комплетираме сезоната со алекс и да донесеме решение по крајот на првенството.

Ред Бул ја има прочуената програма за млади возачи, но Хорнер е реален и вели дека морале да бидт прагматични со оглед на фактот што немале подготвн возач кого може да го промовираат во сениорската екипа.

немаше кандидат од јуниорите кои беше доволно добар така што решивме да бараме возач надвор од нашата програма прв пат по 2007 година.

невозможно е да се игнорираат перформансите на серхио оваа година, извозе феноменална сезона, беше навистина импресивен особено во вториот дел и си го заработи местото во нашата екипа.

ако сакаме моќна екипа која ќе може да се бори со мерцедес, тогаш мораме да имаме двајца одлични возачи во двата болиди. серхио има се што е неопходно во однос на искуството и носи големо знаење во тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ