Фитипалди очекува конфликт помеѓу Перез и Верстапен

Поранешниот Формула 1 првак, Емерсон Фитипалди, очекува да заврши хармоничното партнерство помеѓу Серхио Перез и Макс Верстапен во Ред Бул.

“Биковите“ тврдат дека му е дозволено на Перез да се трка со Верстапен и да се бори за титулата, но реалноста е друга. Два пати имаше тимски наредби за Перез да се тргне и Верстапен да помине, а разликата во поени по Баку беше 21 додека сега е 57. 

Мислам дека ќе му биде тешко на Чеко понатаму. Имам чувство дека тој е самоуверен и дека со неговата брзина и талент не сака да биде во сенка на Макс, но Тоа е реалноста.

Тој е многу силен. Мислам дека ќе биде интересно до крај на годината, посебно борбата внатре во тимот. Верувам дека ќе имаат конфликт поради неговите перформанси, Но и Макс не забавува. Тој е шампион и неверојатен талент. Тој води во шампионатот – смета бразилецот.

Фитипалди посочи дека двајцата ќе се борат и сега во Франција. 

Сигурен сум дека двајцата се добри конкуренти. Мое мислење е дека Перез станува се посилен. Тој има цел да победи а има и талент и брзина. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ