Хакинен е изненаден од грешката на Верстапен

Мика Хакинен е изненаден од срамната грешка која ја направи Ред Бул со Макс Верстапен во Сингапур. 

Тој имаше шанса да стигне до втората титула, но сепак не успеа во тоа бидејќи тимот не му стави доволно гориво за да се бори за пол позиција на саботните квалификации. 

Овој викенд очекувавме Макс да ја освои титулата, но грешката на квалификациите многу го чинеше. Невообичаено е за тим да побара од возачот да се откаже од квалификацискиот круг посебно кога тој е одличен, само поради тоа што нема доволно гориво. Ред Бул цела година се силни и сега изненадуваат – зачуден е двократниот шампион.

Хакинен верува дека Верстапен ќе се врати посилен во Јапонија. 

Мислам дека сите очекуваа тој да напредува од осмата позиција, но имаше лош старт и тешка борба. Ова е викенд за заборав.

Вакви трки се случуваат кога си многу конкурентен и мора да продолжиш напред и да се фокусираш на наредната трка. Тимот не смее да прави грешки. 

Финецот верува дека вакви моменти се чести во ситуации каде тешко се менаџираат условите. 

Грешките на Макс и Луис покажаа дека и другите знаат да завршат одлична работа. Лесно е да се загуби грип кога си многу брз на интермедиа, но е тешко да префрлиш на гуми за суво. Од нив се очекува перфекција и чудно е кога ќе направат грешка. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ