Хакинен е изненаден од падот на перформанси во Ферари

Поранешниот двократен Формула 1 првак, Мика Хакинен, откри дека е изненаден од падот на перформансите на Ферари во Мексико откако тие се квалификауваа на 5та и 7ма позиција

Карлос Саинз заврши на истата позиција на која стартуваше додека Леклер на една позиција погоре од стартот.

ферари не беа во можност да се тркаат со Ред Бул и Мерцедес, но сеуште не се знае точно дали тоа било поради надморската височина или нешто со моторот. Се изнанадив од падот на перформансите – напиша мика во својата колумна.

Хакинен ги пофали перформансите на холанѓанецот Верстапен и тимот на Ред Бул. 

Тие имаа одлична сезона и се во совршена позиција со нивната доверба во тимот, болидот и стратегијата. Макс успеа да ги менаџира гумите и покрај форсирањето на Луис, Но Мерцедес погрешија со стратегијата.

Хакинен очекува Верстапен да ја задржи силната позиција и во последните две трки. 

Да се победи на 14 трки е лудо. Тоа е фантастично за Макс и тимот и покажа дека Тој е на друго ниво. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ