Хамилтон демантира дека размислувал да се повлече

Луис Хамилтон демантираше дека планирал да замине од Формула 1, но посочи дека била важно да се повлече од јавноста во текот на зимата.

Седумкратниот првак буквално исчезна од јавноста откако ја азгуби титуалта во финалето минатата сезона по контроверзното менаџирање на Абу Даби Гранд При трката. Го немаше во медиумите, а ни на социјалните мрежи каде е вообичаено многу активен, така што логично беше што се појавија гласини дека размислува за повлекување.

Луис за прв пат јавно по долго време се појави на промоцијата на В13 болидот на Мерцедес во Силверстон во Петок и објасни дека сакал да се изолира и да се тргне од се за да ги исчисти мислите, а многу брзо сватил дека не може без спортот.

никогаш не кажав дека ќе се повлечам од формула 1 затоа што го сакам тоа што го правам и сум привилегиран да работам со групата на луѓе со која работам. навистина се чувствувам како дел од екипата, како семејство и работиме кон заедничка сел. не постои друго такво чувство.

беше тешко и различно време за мене, време кога требаше да се повлечам и да се фокусирам на себе. го имав семејството околу мене и беше многу убаво. дојдов до момент кога решив да се вратам и да напаѓам уште една сезона работејќи со тото и со џорџ.

возбуден сум што го гледам џорџ кој носи нова енергија во екипата. веќе знам што чувствува за тимот и сигурен сум дека ќе имаме возбудлива сезона – изјави хамилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ