Хамилтон: Мерцедесот потскокнуваше како луд

Луис Хамилтон смета дека заостанувањето од една секунда зад најбрзите болиди во Сингапур било поради лудото потскокнување на В13. 

Иако тој беше најбрз на првиот тренинг, сепак на вториот значително заостануваше. 

Се започна добро, но не беше така на втората сесија. Како и секој викенд, Болидот потскокнуваше како луд и поради тоа сеушт заостануваме околу една секунда. Ќе продолжиме со работа – најави луис.

Инженерите на седумкратнниот првак подобро се справуваа со потскокнувањето, но на Марина Беј, се чини дека болидот на Расел подобро се однесувал. 

Мислм дека болидот на Расел беше подобро подесен. Ќе поработиме вечерва и повторно ќе пробаме утре. 

Од другата страна на гаражата во Мерцедес, Расел се согласи со неговиот колега бидејќи петочните сесии не ја покажуваат целата слика. 

Мора да ги разгледаме податоците и да видиме како Леклер го постави тоа време. Мислам дека ја немаме целата слика на хартија и Потребно е работа. Гумите се чувствителни и мислам дека ни треба доста време, Но оптимисти сме дека ќе се подобриме. 

Главниот инженер, Ендру Шовлин, изјави дека долгото отсуство на патеката не им помага на тимовите. 

тринеделната пауза не ни помогна и мора да го разбереме подесувањето и гумите. Имавме неколку чисти сесии споредено со Ферари и Ред Бул кој имаа неколку тешки ситуации. Болидот беше подобар во првата сесија, но во втората ниту еден возач немаше чист круг. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ