Хамилтон: Мерцедес се блиску до победи

Луис Хамилтон верува дека Мерцедес наскоро ќе се вратат на победите по тешкиот почеток на сезонава. 

Актуелниот конструкторски шампион има серија без победи од минатата година и се мачи да се справи со новите правила. По неколкуте подиуми пред летната пауза, Мерцедес е на трета позиција во шампионатот, а Хамилтон верува дека наскоро ќе ја прекинат сушната серија. 

Дефинитивно се подобруваме, имаме напредок и ќе продолжиме да работиме. Болидот се повеќе наликува на тркачки и се нормализираат работите.

Последната трка не беше најдобра, но мислам дека ја намалуваме разликата. Нормално е дека е тешко, но работиме на подобрување – вели седумкратниот шампион.

Хамитлтон веќе 14 трки нема победено, а претходната ваква серија ја имаше во 2009 и 2013 година. Ендру Шовлин, главниот инженер на патека кај “сребрените стрели“ додаде дека во текот на летото тимот дефинитивно бил шокиран и дека ќе се поправат. 

Колегата на Хамилтон, Џорџ Расел дополни дека наскоро може да победат и дека сезоната била доста инспиративна. 

Се согласувам со довербата, Мислам дека многу напредувавме, Донесовме перформанси и мислам дека ќе напредуваме по летната пауза. Инспирирачки е што тимот успеа да се справи со проблемите и дава се од себе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ