Хамилтон пријавен кај стјуардите поради носење накит

Луис Хамилтон е пријавен кај стјуардите на Сингапурското Гранд При поради прекршување на правилото за неносење накит во кокпитот.

Кусо по крајот на денешниот тренинг на Марин Беј, стјуардите објавија дека Хамилтон е под истрага поради прекршување на дел од спотскиот кодекс кој се однесува на возачката опрема, вклучително кацига, облека и безбедносно појаси, но и носење накит кој беше жешка тема годинава.

носење на накит или било која форма на пирс на телото или метални ланчињ ае забрането додека трае натпреварот и ќе биде проверувано пред стартот – гласи правилото.

Веројатно проблемот настанал со пирсот во вид на алка кој Хамилтон го носи викендов, а и претходно беше камен на сопнување и главен за негово противење на одлуката на ФИА за строго почитување на правилото. Кога забраната стапи на сила, тој го имаше отстрането тој накит, но сеп ојави со истиот во Сингапур.

Возачите кои ќе го прекршат правилото за накит може да добијат казна така што првиот прекршок ќе биде казнет со 52 илјади долари, а повторување со 265 илјади долари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ