Хамилтон: Расел погреши со сетирањето, но беше подобар

Луис Хамилтон откри дека шансите со сетирање на болидот биле 50-50 за Расел да успее да биде подобар од него.

Тој заврши на 5та позиција откако за четири десетинки не ја доби четвртата позиција по казната на Фернандо Алонсо на крајот на трката. Стартувајќи од седма позиција на хард гуми, тој промени на медиум под безбедносно возило што беше различно од останатите на гридот. Имаше шанса да го предизвика Фернандо Алонсо, но Џор Расел не ја даваше позицијата и Хамилтон се откажал од борбата.

Имаме добри поени за тимот. Џорџ е на трета позициај и тоа е одлично. Одиме напред чекор по чекор.

Благодарен сум што од седмо завршив на петто место. Стратегијата не ми успеа и конфигурацијата не беше доволно добра. Мислам дека Џорџ го погоди сетирањето, Но имаме уште работа – вели хамилтон.

Седумкратниот првак објасни дека имале различнo setirawe на болидот и објасни колку тоа придонело за исходот на трката.

Работевме на тоа. Шансите беа 50-50. Дали да се избере едната или другата. Тој ја избра погрешната, но му успеа. Можев само да возам колку него, но не можев да сум побрз. Работиме да се подобриме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ