Хамилтон: Ќе победам пак, само треба малку време

Луис Хамилтон е сигурен дека ќе победи на уште една трка во Формула 1 и покрај тоа што призна дека проблемите на Мерцедес на почетокот на оваа сезона биле шокантни.

Ред Бул доминираше на воведната трка во Бахреин додека Хамилтон се пласираше само петти зад Фернандо Алонсо и Карлос Саинз, а седумкратниот светски шампион проценува дека Мерцедес заостанува 1,5 секунда по круг во темпото на трката. И покрај таа проценка, пред трката за Големата Награда на Саудиска Арабија овој викенд, Хамилтон е убеден дека ќе може да додаде на својот рекорд од 103 победи, од кои последната беше во Џеда во 2021 година.

Да, повторно ќе победам, Само ќе треба малку време.

Се разбира, во 2021 година, кога бевме тука, се надевавме дека ќе се бориме за уште едно светско првенство. Никогаш не можете да знаете што ве чека напред и ќе има работи што ќе се случат во сите наши животи што најмалку ги очекуваме.

Но, не е важно како паѓате, туку како станувате, како се справувате со тоа, како се појавувате, како продолжувате да останете позитивни и да се справувате со проблемите со кои се соочувате. Таму оди мојата енергија и тука е фокусиран секој член на тимот.

Мерцедес остана со својот аеродинамичен концепт на болидот оваа сезона и покрај тоа што се мачеше минатата година и се најде надвор од темпото во Бахреин, што доведе до брзо признание од тимскиот шеф Тото Волф дека тимот згрешил и треба да направи радикални промени. И покрај брзината на тој пресврт, Хамилтон вели дека тимот не бил свесен дека може да бидат толку далеку зад главните ривали.

Мислам дека коментарите што ги слушнав беа дека веројатно нема да бидеме конкурентни веднаш, туку дека ќе бидеме тука некаде, така што беше малку шок кога тоа не се случи.

Знаев дека не сме на вистинското место кога го видовме болидот за прв пат,  изгледаше толку различно од она на нашите конкуренти. Секогаш е нервоза во тој момент.

Изгледаше убаво, очигледно бојата, но не ми е гајле каква боја е, се додека е брз. Се надеваме дека ќе го обликуваме во победнички болид во некоја фаза.

Враќајќи се во Саудиска Арабија по трет пат, Хамилтон останува на својот став дека не е задоволен со Формула 1 трките во кралството поради историјата со човекови права, спротивно на коментарите на голем број други возачи кои рекоа дека се уверени по минатогодишниот ракетен напад во близина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ