Хорнер бара победи и на нормални патеки од Перез

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, побара редовни победи од Серхио Перез за да стане сериозен кандидат за титула сезонава.

Мексиканецот победи на двете трки низ улиците на Баку и дојде речиси до максималниот број поени од викендот, единствено поенот за најбрз круг му го одземе Расел, така што се приближи на само 6 поени до Макс Верстапен. Тоа беше 6та победа во кариерата на Перез, а единствено првата, која не беше за Ред Бул, беше во Бахреин, а останатите на улични трки. Тој стана единствен возач со две победи во Азербејџан, првата беше во 2021 година.

Поради сето тоа, Хорнер побара од возачот да почне да победува и на традиционални патеки ако сака сериозно да се кандидира за наслов.

треба да почне да победува на нормални патеки затоа што очигледно е дека е одличен на уличните. сите негови победи ни доаѓаат добро на нас, единствен е со две победи низ баку, а победувал и во џеда, монако и сингапур, така што треба да почне да го прави тоа и на традиционални автодроми – побара хорнер.

Со Хорнер се сложи и Џенсон Батон кој посочи дека ако Чеко сака сериозно да се наметно, треба да победи и во Мајами за да докаже дека е во одлична форма.

Но, самиот возач смета дека со двете победи на првите четири трки, негов најдобар старт во кариерата, покажал дека е во лов на титулата. Дополнително, да ги немаше проблемите во Австралија, лесно можеше да биде лидер во шампионатот.

пред нас е долга година и навистина верувам дека сме во борба за титула и мислам дека да ги немав проблемите од квалификациите во мелбурн, ќе бев поблиску.

важно е да немам проблеми или истите да бидат светени на минимум затоа што на крајот на денот е да максимизираме поени онаму каде не можеме да победиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ