Хорнер ги откри плановите за Рикардо

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, ги откри плановите за работи кои тимот ги има за Даниел Рикардо доколку и официјално се реши да потпише како трет возач на екипата за следната сезона.

Австралијанецот е пред враќање во Милтон Кинс како трет возач откако предвреме го раскина договорот со Мекларен кој требаше да биде во важност и следната сезона. Доктор Хелмут Марко за германски Скај веќе откри дека Даниел ќе дојде во екипата како трет возач, но се чини дека сеуште нема потпишано официјалне договор.

Кристијан Хорнер на прес конференција откри дека сеуште нема официјален договор помешу двете страни, но и дека Марко е голем ентузијаст и ја открил целата работа.

Улогата на трет возач ќе значи многу маркетинг должности за Рикардо како демо серии со постари болиди што Ред Бул многу често го прави, како и помош во симулаторот на тимот што ќе биде многу корисно за тимот со оглед на неговото искуство.

со се што се бара од денешните возачи само од маркетиншна гледана точка, тие се многу активни, возат многу демонстрации и се појавуваат на многу настани. да се има возач како даниел со толку историја во тимот и успеси во спортот е многу вредно за нас. тоа значи дека ќе остане во контакт со формула 1, а ние се разбира дека редовно ќе го користиме во симулаторот.

ќе биде присутен на многу настани, секако дека сето тоа откако ќе потпише договор. сигурен сум дека се ќе биде познато откако официјално ја потврдиме соработката – посочи хорнер.

Рикардо се тркаше за Ред Бул од 2014 до 2018 година, стигна до седум победи и два пати заврши на 3то место во возачкиот поредок. Тој неколку пати посочи дека сака да се врати на гридот во 2024 година, а Хорнер веќе демантираше дека тој е опција за тркачки возач во тимот, затоа што имаат тандем за периодот кој следува.

договорот на даниел ќе си содржи соодвени обврски кои треба да ги одработи. имаме договор со чеко за следните две години, а партнерството со макс ќе биде и подолго. двајцата одработија одлично за нас, пет пати донесоа 1-2 победа за тимот годинава, освоија двојна титула која ја немавме осум години така што се феноменален тандем кој не планираме да го менуваме.

двајцата имаат одличен однос еден со друг, се тркаат одлично за интересите н тимот и немаме причина да размислуваме на било што друга се додека не завршат нивните договорни обврски.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ