Хорнер го брани бојкотот на Sky Sports

Кристијан Хорнер ја брани одлуката на Ред Бул да ги бојкотираат сите интервјуа на британски Sky Sports. 

Претходно,Макс  Верстапен, Серхио Перез и целиот тим одбија да учествуваат во интервјуата на Sky Sports, а се верува дека бојкотот доаѓа откако Тед Кравиц изјавил дека на Хамилтон му била украдена титулата минатата година. 

Разочарани сме од коментарите на Sky Sports и мислам дека овој викенд ќе одмориме. Нема да им штети доколку одмориме.

Мора да постои баланс. Некои коментари се доби, но некои се сензационалистички. Појаснивме дека не е само Британија туку сите нивни канали. Не смее да се емитуваат обвинувања само за сензационализам. 

Од Ред Бул најавија дека бојкотот останува се до промена на одлуката, но сепак Хорнер ја смирува топката. 

На наредната трка ќе продолжиме. Сакавме да им појасниме дека тоа е неприфатливо и остануваме обединети. Обвинување дека некој бил ограбен не е во ред. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ