Хорнер за промените: Секогаш сме добри кога има новини

ФИА ги изгласа промените на правилата кои треба да го решат проблемот со потскокнување следната година, а Ред Бул беа најгласни против истите, секако, сакајќи да ја задржат предноста која ја имаат.

Но, тимскиот шеф Кристијан Хорнер не е загрижен во врска со истите затоа што е свесен дека неговата екипа секогаш одговара добро кога се менува нешто во Формула 1. Иако најзагрозените екипи бараа поголеми промени, сепак се направи компромис на “задоволство“ на сите.

За Белгиското Гранд При е предвидено кусоточно речение со темелни проверки на подогвите и додавање на ситни делови, додека догодина ќе се случи промена на дизајнот каде страничните делови од подот ќе бидат поткренати за 15 милиметри како компрмис од првично бараните 25 милиметри.

мораше да биде најден компромис, но беше тешко затоа што имавме огромна промена на правилата годинава преку промена на целокупниот аеродинамички концепт. тешко беше и на фиа да ја најдат границата затоа што ако на се се повикуваме како безбедносна промена, каде тоа води?

дали треба да бараме од нив дозвола пред да промениме од гуми за дожд на мазни гуми или обратно? дали треба да ги прашаме дали смееме да минеме преку тротоар или не?

Откако беше потврдено поткренувањето на подовите за 15 милиметри, Хорнер изјави:

15 милиметри не е добро како да не менувавме ништо, но не е лошо како првично предложените 25 милиметри. се работи за компромис кој мораше да се направи за следната година.

моравме да работиме за да најдеме решение, така работиме низ годините и секогаш сме имале вакви предизвици.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ