Хорнер за сезоната: Загубата на Матешич беше многу тешка

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, го искористи официјалниот крај на сезоната за да му оддаде почит на починатиот сопственик на тимот, австрискиот милијардер Дитрих Матешич.

Тимот освои двојна титула оваа сезона, но не успеа да го постави своите возачи на првите две позиции во возачкиот поредок откако Серхио Перез загуби од Шарл Леклер. Хорнер ја пофали неверојатната сезона за тимот и покрај турбулентните моменти кои ги имале.

за тимот, за болидоте, 17 победи, две спринт победи, титула кај возачите и конструкторите, трето место за чеко кај возачите, возеше како лав денеска.

имавме неверојатна сезона, имавме подеми и падови, но многу повеќе подеми и ќе се мачиме во иднина да имаме волку успешна сезона. оваа година го загубивме и основачот на тимот дитрих и мислам дека тој ќе беше неверојатно многу горд од резултатите кои успеавме да ги постигнеме – смета хорнер.

Макс Верстапен стигна дури до 15 победи сезонава и го собори рекордот за најмногу победи во текот на една сезона. Хорнер е презадоволен од својот возач и неговите неверојатни постигнувања, а се осврна и на пензионирањето на Себастијан Фетел, возачот кој од 2010 до 2013 година им донесе четири последователни двојни титули за нив.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ