Хорнер: Календарот е пред пресвртна точка

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, тврди дека овогодинешниот Формула 1 календар е пред пресвртница. 

Иако имаше закажани 24 трки за 2023 година, сепак, со откажувањето на Кина поради Ковид-19 политиката се намали бројот, а од пред некоку денови, поради силно невреме се откажа и трката во Имола поради која сега бројот “падна“ на 22 трки. 

Хорнер сепак има свое мислење и бара да се подобри логистиката во календарот. 

За мене треба најмногу да има 23 трки, а Мислам дека и три последователни трки се многу. Бевме во Баку, потоа во Мајами и сега три трки во Европа. Тоа е брутално за патување.

23 недели во годината се премногу за луѓето за само 2 часа трка. Тоа е голема обврска и мислам дека е повеќе од доволно – посочи тимскиот шеф на ред бул.

Хорнер го критикуваше и Доменикали за додавањето на патеки како Лас Вегас и Мајами. Според него. треба да се гледа за иднината на легендарните Спа, Силверстон и Монца. 

Секоја година го прават истиот трик. Тој кажа дека не смее да се загуби Монако, Монца или Силверстон, а  подоцна кажува одиме во Вегас, ајде одиме во Мајами. Треба да се видат историските патеки и новите патеки на кои не може да им се каже не, Но над 23 трки е премногу. 

Од скоро и Јужна Африка пројави интерес за враќање во Формула 1 и веќе се размислува за тоа. Хорнер е сигурен дека може да се направи комбинација од нови и стари патеки. 

Мислам дека треба да има натпревар меѓу постоечките патеки и да се внимава во додавањето на нови бидејќи сега сме на пресвртница. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ