Хорнер: Нашиот успех ги нервира големите производители

Кристијан Хорнер призна дека Ред Бул ги изнервирале некои од големите производители во Формула 1 поради нивниот успех во последната деценија.

Екипата со седиште во Милтон Кинс се актуелни шампиони во конструктори и ги поразија компаниите како Мерцедес, Ферари и Мекларен, и покрај тоа што самите не се производители на автомобили. Ред Бул го презеде тимот од Јагуар во 2005 година, уште еден познат производител на автомобили и го подигна на сосема ново ниво.

Хорнер ужива да поигрува со главните производители на автомобили, земајќи предвид дека Ред Бул се само група на луѓе од компанија за енергетски пијалоци.

Мислам дека тоа ги налути, да бидам искрен, ако сте производител на оригинална опрема и автомобили и ве поразат група на луѓе од компанија за енергетски пијалоци.

Понекогаш е малку непријатно, но само покажува дека ако ги собереш вистинските луѓе, вистинските алатки, се е можно.

Го постигнавме тоа од страната на шасијата, па помисливме зошто да не го направиме и од страната на моторот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ