Хорнер: Нема да го загубиме идентитетот ако работиме со Порше

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, посочи дека потенцијална соработка на тимот со Порше нема да донесе губење на нивниот идентитет.

Се очекува тимот од Милтон Кинс да влезе во партнерски однос со Порше од 2026 годиан кога новите правила за моторите стапат на сила. Документи од Мароканската влада посочи дека Порше ќе станат 50% сопственик на тимот на Ред Бул, но Хорнер е сигурен дека тимот нема да ги загуби своите карактеристики.

компанија како порше е огромна компанија со огромно наследство, феноменален бренд и секако дека е атрактивна опција за било кој. но, било какво партенрство нема да ја промени филозофијата на ред бул, нашиот идентитет и нашат днк ќе остане непроменета, а културата која ја постигнавме ќе продолжиме да ја гаиме.

ние ќе бидеме против било какви дискусии за промена на идентитетот, тоа е со причина и секако дека тоа нема да биде предуслов за било каков договор – посочи хорнер.

Порше во моментов успешно се наптреварува во серии со тркачки автомобили и имаше кус и успешен период во ЛМП1 касата во ендјуранс пренството. Ред Бул псочија дека не се заинтересирани во никаква кусорочна соработка туку само долгорочни проекти.

има многу шпекулации во врска со ова, но ние само разговараме, а има толку работи што треба да се финализираат окол правилата. ред бул покажа посветеност на формула 1, долго време сме во спортот, првично како спонзор, а потоа и како соптвеници на екипа, за на крајот да имаме две екипи и да станеме промотери на трка. се што правиме е на долгорочна основа, ние не работиме на кус рок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ