Хорнер не сака да го гледа Себ како се мачи

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, не сака да го гледа својот поранешен возач, Себастијан Фетел, како се мачи на средината од Формула 1 поредокот.

Себ победи дури 38 пати за Ред Бул од вкупно 53 триумфи кои ги оствари во својата кариера и со тимот од Милтон Кинс освои 4 последователни двојни титули, но замина од тимот во 2014 година за да вози за Ферари. Во пресрет на минатата сезона повторно смени екипа и направи трансфер во Астон Мартин, но амбициозната екипа не ги стигнува поставените цели и тој редовно е на средината или опашката од средниот дел од поредокот.

сигурен сум дека ќе продолжи да прави одлични работи, но жал ми е што го гледам како се мачи на следната од поредокот и проади тоа сметам дека е вистинско време за дамине.

не е убаво што таков шампион го гледам на средината од поредокот, не заслужува да биде таму и сметам дека е во право што реши да престане со формула 1 на крајот од оваа година – посочи хорнер.

Осврнувајќи се на успешната соработка помеѓу Себ и Ред Бул, Хорнер е полн со пофалби за возачот, неговито неверојатен талент, посветеноста и работните навики.

себастијан беше неверојатен додека работеше со нас. дојде како јуниор, ми напиша писмао да размислиме дали можеме да го поддржиме локално, ние го сторивме тоа, прво само локално, а потоа го земавме и во нашата јунорска програма. победи за торо росо, а потоа го донеовме во ред бул рејсинг.

она што се разликуваше кај себ од почетокот беше тоа што беше страшно фокусирнао младо момче, а неговите работни навики беа вистински германски. работеше напорно, работеше до доцна, имаше одлична смисла за хумот и се вклопи во нашиот британски тим подобрувајќи ги нашите културни навики.

се вклучи во сите делови на бизнисот, без разлика дали се појавуваше со чоколатца се секретарките или учеше вештини во гаражата, неговото однесување стана легендарно. детално ги познаваше болидите кои ги произведувавме во тоа време, страшно е конкурентен и имаше огромен успех ппротив сите против кои се тркаше.

многу беше фокусиран и постигнуваше успеси на секое поле, постигнуваше рекорди, а тоа му значеше многу на него.

Токму добитната комбинација на Себ и Ред Бул им донесоа 4 последователни титули на “биковите“.

тој константно се подобруваше, во 2009 година биевме млада екипа како и тој, направивме неколку грешки. следната година беше возач кој правеше разлика таа година иако имавме технички проблеми и против сите очекувања, станавме прваци.

во 2011 година и следната 2012 година само се надградивме иако беше тешка. иако имаше само една победа пред да дојдеме во европа, влезе во ритам и дојде до четири победи доаѓајќи до фернандо алонсо на финалната пресметка во бразил.

додека дојдовме до 2013 година беше доминантен и тогаш со 9 победи по ред, тоа го постигнавме, беше негова најсилна сезона. ги зближи како еден сите и таа година беше феноменален.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ