Хорнер “ни под разно“ не сака повторување на ланската борба

Кристијан Хорнер откри дека не сака блиска и жестока борба за титула како што тоа беше лани кога во последниот круг од последната трка Макс Верстапен стана првак.

Возачот на Ред Бул победи со старт од 10то место на последната трка на која патем се изврте и два пати на патеката го мина својот најблизок ривал, Шарл Леклер. Така, холанѓанецот направи предност од 80 поени и за да ја загуби титула ќе требаат и негови грешки, не само победи на Ферари.

Ако до крајот на сезоната на секоја трка Леклер победува со најбрз круг, ќе има точно 420 поени, а ако Макс на секоја од тие трки финишира зад него, ќе освои титула со 7 поени предност.

ниту еден дел од мене не сака повторување на ланската борба, таа беше брутална и истоштувачка, траеше 22 трки и преферирам да не се повтори – изјави хорнер.

Иако Верстапен и Ред Бул имаат здраво водство во двата шампионати, Хорнер е свесен дека ништо не е готово и се може да се случи.

изгледа дека имаме здраво и големо водство во поредокот и тоа е одлично за пред летната пауза, но сеуште има многу трки. ферари се многу брзи, мерцедес се враќаат се побрзи, има уште многу до крајот, има и спринт трки.

ништо не земаме здраво за готово, има доста различни патеки до крајот на келендарот. дури и ако победуваме со круг предност, јас сакам да бидам претпазлив. никогаш не би направил предвидување дека ќе завршиме 1-2 на следната трка, не се тркаме ние така, туку се фокусираме на работата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ