Хорнер полн со пофалби на феноменалниот Чеко

Серхио Перез дојде до својата 4та победа во Формула 1 кариерата викендов во Сингапур и заслужи пофалби од својот шеф, Кристијан Хорнер, за начинот на кој ја изменаџирал и одработил трката.

Мексиканецот тргна од 2ро место на гридот, посилно стартуваше од Леклер и пред првата кривина го превзеде водството кое не го испушти до крајот и победи на Марина Беј. За време на трката имаше безбедносни возила и виртуелни безбедносни возила кои можеа да променат многу, но Чеко беше присебен и го контролираше Ферари зад себе.

мислам дека перез одработе феноменално. го победи шарл на стартот, а потоа имаше многу тешка прва серија со интермедиа гумите обидувајќи се да не ги уништи и во исто време да направи предност зад себе и да има контрола.

по безбедносното возило мораше тоа повторно да го сработи и како се движевме кон менувањето на гуми, имаше силни кругови кои му дозволија мирно да промени гуми и да излезе пред шарл. повторно ќе кажам дека имавме одличен тајминг и концентрација особено со безбедносното возило – посочи хорнер.

како водечки болид, секогаш е тешко да контролирате трка кога имате безбедносно возило пред себе, но мислам дека тој одлично одработе, а потоа и на мазните гуми размислуваше, беше ладен и присебен.

шарл даваше се од себе со дрс зад него и штом направи грешка и излезе од дрс зоната, тоа му даде можност на чеко да го најде својот ритам, да комплетира одлични кругови и со предност да ја заврши трката.

По трката, победата на Серхио не беше потврдена затоа што тој беше под истрага поради прекршување на правилата зад безбедносно возило, така што стјуардите одлучија да му дадат 5 секунди, но имаше доволно голема предност за да си ја задржи победата.

Трката беше чекор напред за мексиканецот во однос на ритамот, а Хорнер остана во прашалници дали возачот се подобрил или пак лошиот ден на Верстапен му помогнал.

сите честитки за чеко, се квалификуваше во две десетинки од пол позиција на првиот ред од гридот, а потоа го превзеде водството и ја контролираше трката. беше феноменален и може само да му се честита.

макс имаше ужасен викенд на многу начини, квалификациите беа проблематични, а исто и трката од самиот старт. имаше жесток прв круг, мораше да одбегнува блиски контакти, а потоа да почне да надоместува позиции. немаше среќа ни со безбедносното возило кога ландо преку боксот си ја задржа позицијата, во спротивно ќе бевме во топ 5.

имаше добра серија на рестартот, но за жал, со температурата на гумите му беше тешко, доцното кочење не беше добра опција и на тој начин ги уништи гумите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ