Хорнер: Рикардо не е истиот по Ред Бул

Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул, посочи дека Даниел Рикардо не е истиот возач како оној кој се тркаше за него, сметајќи дека неговата самодоверба била исцедена.

Мекларен и Рикардо во Среда потврдија дека возачот ќе ја напушти екипата на крајот од оваа година, предвреме раскинувајќи го тригодишниот договор претходно потпишан. Одлуката дојде откако австралијанецто се мачи во болидот и има далеку послаби перформанси од својот колега, Ландо Норис, иако лани донесе победа на екипата во Монца.

Дани го имаше врвот во својата кариера додека беше со Ред Бул од 2014 до 2018 година кога стигна до 7 победи и беше на 3то место во возачкиот поредок, а во 2018 година реши да замине во фабричкиот Рено. Хорнер е изненаден и тажен поради состојбата во која се наоѓа Рикардо затоа што опции за останување на гридот има само неколку.

не го препознавам, не е истиот возач кој возеше за нас. тој е еден од најдобрите, има страшен капацитет и се надевам дека ќе најде место во формула 1 и ќе си ја поврати формата.

ако се присетите на некои трки кои ги победи за нас како на пример онаа во монако со половина моќ од свтојот мотор во 2018 година, сфаќате дека има одлични перформанси.

кога прв пат дојде во ред бул возеше крај сербастијан фетел и испораа одлични резултати, го порази себ, а беше и преблиску со макс годините потоа. јасно е дека се наоѓа во тешка фаза, но се надевам дека ќе најде форма за во иднина – посака хорнер.

Во трите сезони кои Рикардо во Милтон Кинс ги одработе крај Макс Верстапен, се покажа на ниво на холанѓанецот, нешто што тимот не можеше да го најде кај никој возач потоа.

видовме колку блиску беа еден до друг. макс напредуваше и се разви откако даниел го напушти тимот, но додека беа заедно беа еднакви. тој испорача неверојатни перформанси за нас и бевме тажни кога го напушти тимот.

самодовербата му е уништена, бевме навикнати да го гледаме на подиум да пие пенливо вино од патиките тоа ни недостасува заедно со неговата голема насмевка која повеќе ја нема.

се надевам дека ќе најде друга добра можност во својата кариера затоа што ќе и недостасува на формула 1.

Главна причина, освен перформансите, поради која Мекларен се решија да ја прекинат соработката со Рикардо, беше нивната желба да го земат Формула 2 првакот Оскар Пиастри, довчерашен тест и развоен возач на Алпин и член на нивната програма. Французите го поддржуваа воачот во неговата јуниоркса кариера напредувајќи низ тркачките серии и го планираа како замена за Алонсо догодина.

мислам дека рено и алпин инвестираа многу во него во јуниорските категории, се надеваа дека инвестицијата ќе им се исплати во иднина и во тоа мора да има елемент на лојалност од страна на возачот.

не разбирам како договор имаа потпишано, но за да возачот дојде во позиција да може да не вози за алпин следната година, веројатно нешто не е како што треба.

се надевам дека тоа ќе биде решено затоа што тој е одличен талент, возеше во јуниорските формули и беше сјаен, го следев добро, талентиран е и треба да биде на гридот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ