Хорнер си ја отслужи казната од Катар

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, си ја исполни обврската да учествува во програмата за тренинг на стујарди на ФИА. 

Хорнер се согласи да учествува на настан како дел од неговата казна по коментарите за лошиот маршал на минатогодишното Катарско Гранд При. Тогаш Верстапен доби казна од пет места на гридот и два поени на неговата суперлицанца поради непочитување на двојното жолто знаме на квалификациите. Фрустрираниот Хорнер искоментира дека лошиот маршал не си ја завршил работата, а ФИА ова го сфати сериозно и го казни Хорнер за непочитување на спортските правила. Хорнер објасни дека неговата реакција била од притисокот кој го носела казната на Верстапен. 

Стујардите објаснија дека маршалот си ја вршел својата работа според спортските правила. Шефот на Ред Бул потоа се понуди да се извини и да објасни пред медиумите дека не мислел нипшто лошо. Тој се понуди да учествува во програмата за стујарди во Февруари 2022 година, а стујардите ја прифатија неговата понудата. 

Во дводневната програма тој виртуелно ги следеше стујардите во повеќе моторспорт дисциплини, а беше дел и од панел дискусијата со која претседаваше Мајкл Маси. На неа учествуваа Шарл Леклер, Формула Е возачот Антонио Феликс да Коста, шефот на Тојота Рели Јари Мати Латвала и возачот на Форд рели Адриен Формакс. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ