Хорнер смета дека Чеко требало повеќе да притиска во првата серија

Серхио Перез загуби во Мајами иако имаше пол позиција и водеше во голем дел од трката и тоа само поради стратегијата која му беше спротивна од онаа на Макс Верстапен.

Мексиканецот стартуваше на медиум пред да премине на најтврдата компонента во стратегија со едно застанување во боксот, но актуелниот првак имаше многу долга прва серија на хард, за на крајот ад промени на побрзиот жолто маркиран медиум и да го мине Чеко во 48от круг.

Серхио изјави дека не е сигурен дали можел да го победи Верстапен ако биле на иста стратегија, но Кристијан Хорнер смета дека ќе било подобро за неог да притиска повеќе на медиум сетот за да направи поголема разлика пред промената.

кога стартувате од пол позиција и почнувате на најтврдите гуми тоа е коцкање и ризик затоа што безбедносното возило може да ви ја уништи стратегијата. речиси целиот грид се одлучи за медиум гуми на почетокот, но никој од нас немаше претстава колку лоши гуми се тоа за оваа патека. штом комплетиравме неколку кругови, видовме дека гумите не чинат.

почетокот е добар, но многу рано медиумот се покажа како нежен и кршлив, така што тој мораше многу да ги штити гумите за д извози пристоен број на кругови. беше тешко да се потпрете на такви гуми затоа што десниет претерано се трошеа.

видов дека макс се доближува на хард и знаев дека трката за чеко ќе биде многу тешка. кога тој мина на тврдиот сет, макс имаше сиен ритам, направи разлика и требаше само да ја заврши работата.

во првите 10 кругови менаџираше со ритамот и беше нервозен за предната десна гума, но истото беше случај и со останатите екипи. мислам дека чеко возеше добро и направи се што може за да ја заштити предната десна гума, а потоа почна да притиска последните 10-тина кругови за да направи предност.

веројатно ако треба пак да ја одработи трката ќе притиска далеку повеќе во првата серија на медиум, кој кај фернандо алонсо одлично се покажа .

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ