Хорнер со свое мислење за сударот на Макс и Луис

Кристијан Хорнер верува дека Луис Хамилтон можел да му остави повеќе простор на неговиот Макс Верстапен при нивниот дуел кој донесе контакт за време на Бразиското Гранд При.

Ривалите за титула од ланската сезона се судрија по првото безбедносно возило на Интерлагос по обидот на Макс да го мине Луис кој се подзаборави на рестартот. Холанѓанецот мина од надвор на првата кривина што по автоматизам го стви во внатрешниот дел на втората. Двајцата широко минаа по што дојде до контакт по кој се разлетаа карбонски делови, а Хамилтон иако првично се мислеше дека загуби повеќе позиции, продолжи по асфалтниот дел надвор од патеката, додека Верстапен овој пат го извлече подебелиот крај и мораше во гаража.

мислам дека макс имаше право на повеќе место одошто доби. луис можеше да му даде повеќе простор затоа што беше пред него по првата кривина.

несреќен случај и мислам дека ова е единствен инцидент кој макс го имаше годинава. тој беше прогласен за виновен и доби казна од пет секунди што ни ја уништи дополнително трката поради што сме повеќе фрустрирани.

разочарани сме што имавме штета што ни одземаше толку многу време по круг и тоа го страви макс во лоша позиција. бевме изненадени од казната затоа што беше обичен тркачки инцидент – гласи видувањето на шефот на ред бул.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ