Хорнер со свое мислење околу повлекувањето на Верстапен

Возачот на Ред Бул сугерираше дека би можел да ја напушти Формула 1 по истекот на неговиот договор кој има важност до крајот на 2028 година.

Кристијан Хорнер се осврна на можноста Макс Верстапен да ја напушти Формула 1, верувајќи дека тоа не е преголем ризик. Светскиот шампион стана фрустриран од промените во викендите преку воведувањето на спринтерски трки и зголемувањето на календарот. Тој навести дека би можел да си замине кога ќе му истече актуелниот договор со Ред Бул на крајот од сезоната 2028 година, при што Хорнер рече дека е позитивно што возачите можат да го кажат своето мислење за насоката на Ф1.

Па, за среќа, неговиот договор има уште многу години, така што не го гледаме тоа како непосреден ризик.

Но знаете, се разбира, тој има мислење за тоа и секогаш ќе зборува отворено за тоа и ќе го искаже своето мислење.

мислам дека е толку тешко да се гледа премногу далеку во иднина. Дали Фернандо Алонсо мислеше дека ќе се трка на 42 години? Веројатно не. Мислам, Луис Хамилтон е во доцните 30ти.

Значи, иднината е многу тешко да се предвиди, Но мислам дека е одлично што возачите имаат мислење и тие не стануваат само стереотипи.

Се чини дека на актуелниот двоен светски шампион Верстапен може да му биде ускратена трета по ред титула само од Серхио Перез во сестринскиот Ред Бул, кој ужива во својот најдобар почеток во Ф1 сезона со две победи, две втори места и петто место од воведните пет трки. Хорнер, кој зборуваше пред третата победа на Верстапен сезонава во Мајами, верува дека трката за титулата ќе биде маратон, но предупреди на претпазливост доколку Мерцедес и Ферари можат да ја намалат разликата.

Чеко имаше фантастичен почеток на сезоната, ја започна сезоната посилно отколку било кога – рече Хорнер.

Мислам дека, како што сите знаеме, самодовербата е голема работа во секој спорт и самодовербата на Чеко е висока, а ова првенство ќе биде маратон и ќе има подеми и падови на патот.

Неговиот предизвик и предизвикот за двајцата возачи е одржување на конзистентноста, и сигурно ќе видиме Мерцедес и Ферари да се вратат во одреден момент, така што нема да биде само за нашите возачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ